Видовме што се се случи во изминативе денови, Македонија е во економска и политичка опасност, на политички план се случуваат едни од најкриминалните избори досега какви што се немаат одржано во ниту една друга држава, а сето ова се африкански избори на кои дури и Кенија и Сомалија можат да ни позавидат, ова вечерва на мини митинг во Драчево го рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Овие избори се најкриминални бидејќи ги водат и организираат криминалци, а епилогот се скршен череп на градоначалникот на Шуто Оризари, убиен носител на советничка листа во Кичево, измислени кривични пријави против еден куп кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, измислени настани, испокршени штабови на ВМРО-ДПМНЕ, како и притисоци врз земјоделците, а има и закани врз вработените во администрацијата и тортура, а ова сето е слободата за која тие се бореа, вели Груевски.
Тој вели и дека во Росоман десетина нивни активисти се следени на дневна основа, истите тие пријавувале во полиција, а полицијата не реагирала.
-Во Гази Баба во населеното место Инџиково, вработени од Платежната агенција одат и ветуваат дека 50 проценти поевтино ќе може да набават механизација, а за возврат да се гласало за СДСМ. Ниту механизација народот ќе види, ниту некаква корист, ама целта е да се излаже народот на краток рок, а потоа нека му ја мислат. Во населбата Три Чешми во Штип велат дека секој ден доаѓале луѓе од СДСМ и нудат пари, а тарифата е од 1.000 до 3.000 денари. Во Демир Капија активисти на СДС со познати криминалци им се закануваат на граѓаните со убиство само затоа што кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ бил во посета на едно домаќинство. Во општина Новаци раководството на РЕК Битола врши притисок врз вработените да гласаат за СДСМ или во најмала рака да не излезат на гласање.
Тој додава и дека ова е време во кое власта кажува дека било нормално да се прислушкува опозицијата, како да е тоа вообичаена работа, мува не ги лази.
– Така комотно, шерифиски си викаат дека не прислушкуваат, дека власта ќе ја прислушкува опозицијата, поголем доказ за недемократија немало и ќе нема. Тие мангупи треба да знаат дека си фатиле работа со ВМРО. Би им порачал дека не ја бива вака, сте се фатиле на погрешно оро, одите на погрешен пат, вие ВМРО не можете да го срозите. Ќе дојде време да се средат сметките, а тогаш ќе ве видиме каде ќе се правдате и колку ќе ви биде срам, изјави Груевски.
Тој кажа дека инсталирана марионетска власт која траела долго, сите кратко траеле и темно завршувале. Тој кажа дека полицијата место да апси криминалци, таа ги ослободува. Груевски напомена дека на економски план се случува катастрофа, дека многу ветувања се неисполнети, дека пензионерите се уценети дека мора да имаат поголем род за да добијат субвенции.
-Тие се пофалија дека сметките за струја биле поевтини, ама такви сметки во реалноста никој нема добиено, земјоделците ги уценија дека ќе има субвенции само ако има поголем род, а пензионерите останаа без своите покачувања, а освен тоа тие не донесоа ниту една странска инвестиција и секој ден се задолжуваат се повеќе и повеќе. Се пофалија со продажбата на ФЕНИ, меѓутоа и тоа не им успеа. Ова е Влада која постигнува економско фијаско, удира директно по џебот на граѓаните. Заборавија на се она што го ветуваа, заборавија на 500 евра просечна плата, па нели доаѓаа тука и ветуваа дека просечна плата ќе била 500 евра. Не само што нема, туку просечната плата почна да се намалува. Ветуваа дека лекарите ќе добијат 1.500 евра ако дојдат на власт, абер нема од тоа, нит се збори, нит се прави. Покачувањето на даноците ни го претставуваат како врвно економско достигнување, се фалат дека ќе ги зголемат даноците, како да треба да ги намалат, гордо излегуваат и кажуваат како ќе ги зголемат даноците, потенцира Груевски.
Тој вели и дека СДСМ не заборавил да склучи штетен договор со Бугарија, а тие прифатија и менување на историјата по барање на Грција, а сето ова тие го направиле се со цел да ја замаглат големата слика за редефинирање на државата.
-Во 2006 година кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт во Кисела Вода се на се имало 7.420 вработени лица, а на крајот на 2016 година регистрирани беа 15.200 вработени лица, тоа е ВМРО-ДПМНЕ и тоа се случи со многу работа и труд. Ќе обезбедиме за учениците од прво до петто одделение бесплатен здрав оброк со што нај веќе би заштедиле родителите, ќе обезбедиме стекнување на граѓаните со сопствен дом и тоа по симболична цена од по едно евро по квадрат, а ќе се укинат и намалат трошоците за комуналии. Ние нудиме концепт во кои нема да има неасфалтирана и неосветлена улица и во секое маало ќе се гради парк. Ќе изградиме нова градинка и ќе реконструираме повеќе улици, а ќе се изгради и училишна спортска сала во основното училиште Рајко Жинзифов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии