| четврток, 6 декември 2018 |

Избирачки список во кујна: На локални избори во Србија денеска се гласаше и во куќата на газда Петар (фото)

На денешните локални избори во Србија, се гласаше во приватна куќа во сопственост на Петар Младеновиќ на Звездара. Во неговата куќа денеска имаше две избирачки места.

Пред неговата куќа на Звездара денеска имало гужва, но соседите стрпливо го чекале својот ред. Младеновиќ раскажува дека неговата куќа ја има отстапено за гласање повеќе од 15 пати и дека неговите соседи го почитуваат имотот.

Освен Петар, и неговата сестра Надежда ја отстапува куќата за гласање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top