| четврток, 6 декември 2018 |

Кандидатот на СДСМ во Прилеп се паркирал на место наменето за инвалиди

Автомобил брендиран со ликот на кандидатот на СДСМ за градоначалник на Прилеп, Илија Јовановски, денес во центарот на градот бил паркиран на место наменето за паркирање на возила управувани од лица со инвалидитет.

Не е потврдено дали се работи за возило кое е во сопственост на Јовановски или пак се работи за автомобил кој е дел од предизборната кампања на СДСМ. Но во секој случај, прилепската јавност на социјалните мрежи си го поставува прашањето „Како некој претендира да го води градот, кога не ги почитува сообраќајните правила?“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top