Прилепчани деновиве се згрозени од негрижата на локалните власти за фонтаните низ градот.
Она што беше украс на градот, е претворено во грозни бари, полни со жаби….Особено е грда сликата кај споменикот “Kaрпалак”, посветен на десетмината загинати прилепчани во конфликтот во 2001-та година.
Унијата на млади сили при ВМРО-ДПМНЕ, синоќа направи и пародија, во која на комичен начин го исмеа неработењето на локалните власти.
Денеска околу истата фонтана биле забележани луѓе со кофи, кои изгледало дека се на пикник тука, со оглед на тоа дека има сокови покрај нив…
Дали “ловиштата на жаби” станаа атракција во градот?!
извор:маркукуле.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.