| четврток, 6 декември 2018 |

Прегазено дете зад училиште во Карпош 4

Попладнево околу 16 часот во улицата зад Основното училиште Петар Поп Арсов во скопската населба Карпош 4 е прегазено дете.

Според информациите на Сител момчето на возраст од 13 години со видливи повреди на главата и телото е префрлено со Брза помош во болница.

Во него удрил возач со црвен „101“ кој во еднонасочната улица возел во спротивен правец од пропишаниот.

Местото на несреќата во моментов го обезбедуват полицајци во исчекување на друга полициска екипа која ќе изврши увид.

На местото е задржан и возачот кој, дознаваме не го напуштил местото по сударот со малиот велосипедист.

Повеќе детали ќе соопшти полицијата по завршувањето на увидот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top