На повидок е договор меѓу Атлетико Мадрид и Челзи за трансфер на напаѓачот Диего Коста. Неколкумесечни преговори најверојатно ќе завршат успешно и Коста ќе се врати во Атлетико Мадрид како позајмен играч, а шпанскиот клуб подоцна ќе има обврска да го откупи неговиот договор за околу 35 милиони фунти, објавија англиските медиуми.
Коста нема да може да игра за Атлетико Мадрид до 2 јануари, поради забраната за трансфер од страна на УЕФА.
Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне инсистираше да го врати Коста во Мадрид. Тој е оптимист дека за време на викендот може да се финализираат преговорите со Челзи и да биде потврдено дека веќе на почетокот на идната година во својот состав ќе има нов напаѓач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.