| четврток, 6 декември 2018 |

Челси го освои ФА Купот

Челси го победи Манчестер Јунајтед со 1-0 вечерва во финалето на ФА Купот одиграно на „Вембли“ во Лондон.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Еден Азар од белата точка на средината од првото полувреме. За белгискиот напаѓач оваа средба беше 300. во „синиот“ дрес.

За лондончани ова беше осми трофеј во ФА Купот и прв од 2012 година. Од друга страна Манчестер Јунајтед оваа сезона не успеа да освои ниту еден трофеј.

За Антонио Конте оваа титула беше втора како менаџер на Челси, а Мурињо прв пат од сезоната 2007/08, кога тој беше разрешен од тренерската функцијата во Челси, останува без трофеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top