Францускиот напаѓач Оливие Жиру го напушти Арсенал во последниот ден од преодниот рок и потпиша за градскиот ривал Челси. Тој синоќа и официјално беше претставен како нов играч на Челси, иако тоа не беше вечер за паметење на „Стемфорд Бриџ“, со оглед на тоа што „Сините“ загубија со високи 0-3 од екипата на Бурмаут.
Откако стави потпис на договорот со Челси до летото 2019-та година, Жиру изјави дека е среќен што пристигнал во еден од најголемите клубови во Англија.
– Челси е еден од најголемите клубови во Англија. Освоија можеби најмногу титули во изминатите години. Тоа е голем клуб и горд сум што потпишав за Челси. Едвај чекам да заиграм во дресот на овој клуб, изјави Оливие Жиру
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.