| четврток, 6 декември 2018 |

Аргентинецот Нико Гаитан заминува од Атлетико Мадрид

Нико Гаитан го напушта Атлетико Мадрид и се сели во Кина. 29-годишниот фудбалер во текот на денот треба да отпатува на далечниот исток и доколку ги мине лекарските прегледи, ќе потпише договор со екипата на Далијан Јифинг.

Со трансфер во оваа кинеска екипа која бара засилувања пред почетокот на новата сезона во Кина, која стартува во петок, се поврзуваат и соиграчите на Гаитан, Јаник Фереира Караско и Фернандо Торес.

Нико Гаитан во јуни 2016 година за сума од 25 милиони евра од Бенфика му се приклучи на Атлетико, но за време на престојот во Мадрид не успеа да се вклопи во системот на сонародникот Диего Симеоне. Со доаѓањето на Витоло и Диего Коста, Гаитан целосно го загу местото во ротацијата.

Атлетико од трансферот на Гаитан ќе заработи 18 милиони евра. Далиан неодамна се засили и со искусниот португалски дефанзивец Жосе Фонте.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top