Атлетико Мадрид ја потврди информацијата дека Јаник Караско и Николас Гаитан се селат во Кина. Шпанскиот клуб на својот официјален профил на „Твитер“ соопшти дека Караско и Гаитан не се повеќе членови на Атлетико Мадрид и својата кариера ќе ја продолжат во Кина. Мадридскиот клуб ја прифатил понудата на Далиан Јифанг за двајцата фудбалери.
Овој потег посебно ги изненади навивачите на мадридскиот клуб. Секако, станува збор за непријатно изненадување посебно кога станува збор за талентираниот Караско кој што беше прилично стандарден член во првата постава на екипата на Диего Симеоне се до почетокот на оваа сезона.
Наводно, Атлетико Мадрид од продажбата на двајцата фудбалери заработиле 48 милиони евра. Од кинескиот клуб за Караско платиле 30 милиони евра, а за Гаитан 18 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.