| четврток, 6 декември 2018 |

Турски инвеститори заинтересирани за ОХИС

ohis50000

Турски инвеститори заинтересирани за купување на загубарот ОХИС. Компаниите „Сарај холдинг“, „Делта груп“ и „МС енерџи холдинг“ здружени сакаат да го преземат некогашниот хемиски гигант, пренесува телевизијата „Алфа“. Денеска на разговори во владата тие доставиле конкретна понуда и неофицијално изразиле задоволство од средбата со владините претставници. Од владата потврдија дека имало разговори со заинтересираните купувачи, но не изнесоа повеќе детали.

Турските инвеститори денеска се сретнале и со претставници на синдикатот. Како што изјавија оттаму за „Алфа“ на средбата турците се информирале за проблемите на вработените при што искажале разбирање. Ветиле дека доколку го преземат ОХИС, ќе ги исплатат сите заостанати плати и придонеси. Досега имаше 12 неуспешни обеди за продажба на ОХИС. 800 вработени продолжуваат со протестите со барање за исплата на 20 плати и придонеси за здравствено осигурување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top