| четврток, 6 декември 2018 |

Владата обезбеди отпремнини за вработените на „Охис“

ohis50000

Владата обезбеди средства за отпремнини и социјален пакет за вработените од ОХИС. Со тоа, како што истакна денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, во целост се прифатени барањата на Синдикатот.

Обезбедени се 65 милиони денари за отпремнини кои во следните седум до 10 дена ќе бидат трансферирани од Владата во ОХИС, како и дополнителни 43 милиони денари за надоместокот кој вработените ќе го добиваат преку Агенцијата за вработување.

“ Она што е важно дека со обезбедувањето на средствата се задоволени поентите на нивните барања, а тоа е дека отпремнината која минимум ќе биде исплатена по вработен ќе изнесува по 1.400 евра како што беше и побарано од страна на Синдикатот и раководството“, истакна Ѓорѓиев на прес-конференција во Владата.

Според претседателот на СМЕР Пеце Ристовски, ова решение има бенефит за вработените по три основи – ќе добијат средства со кои ќе може да ги подмират долговите, ќе добиваат паричен надоместок од Агенцијата за вработување и ќе бидат здравствено осигурани.

Директорот на ОХИС Леко Ристевски информира дека на работа ќе бидат вратени 65 луѓе кои ќе се грижат за обезбедување и одржување на компанијата.
Моменталниот долг на ОХИС е околу 20 милиони евра од кои долгот кон вработените изнесува околу пет милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top