| четврток, 6 декември 2018 |

Се зголеми билансот – двајца се повредени во сообраќајката кај „ОХИС“

sudar

После првичната информација за еден повреден во сообраќајка што се случи денеска околу пладне на улицата „Борис Трајковски“ во близината на фабриката „ОХИС“ меѓу автобус на ЈСП Скопје со број 41 и товарно возило на ЈП „Комунална хигиена“, бројот на повредени  се зголеми за уште еден.

Како што соопшти МВР, повредените биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ каде им биле констатирани телесни повредени, им била укажана помош по што се пуштени на домашно лекување. Случајот во полиција во 12.27 часот го пријавил возачот на автобусот со скопски регистарски таблички. Како што соопшти ЈСП Скопје, автобусот на претпријатието има видно оштетени странични стакла.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top