| четврток, 6 декември 2018 |

Турци ќе инвестираат во бањата „Кежовица“

kezovica

Турската корпорација ЦЕО е заинтересирана да инвестира во  бањскиот комплекс „Кежовица“. Претставници на корпорацијата денеска го разгледале просторот околу бањата за да ги видат потенцијалот и капацитетите на штипското јавно претпријатие и на физикална терапија.

– Турските инвеститори се заинтересирани за изградба на хотели од типот на медицинско-бањска терапија, им ги предочивме сите предуслови кои ги имаме – вели директорот на ЈП „Исар“, Никола Мицевски.

Координаторот на хотелските комплекси ЦЕО, Тахир Јилдирим, изјави дека во Македонија ја гледа иднината за инвестирање во областа на туризмот.

– Размислуваме дека во иднина ова ќе биде еден од големите геотермални центри во Европа, а туризмот ќе се развива токму во оваа насока. Овој реон има голем потенцијал, пред сè за северна и за источна Европа – рече Јилдирим.

Турските инвеститори, покрај Штип, ќе ги посетат и Охрид, Битола и Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top