| четврток, 6 декември 2018 |

Индиски лекари на новороденче му извадиле седум заби

Лекарите во западната индиска држава Гудџарат успешно извадија седум заби од вилица на едномесечно бебе.

– Бебето сега е добро – изјвил за „Би-би-си“ стоматологот Мит Раматри, кој ја извршил операцијата.

Лекарот објаснува дека зафатот бил извршен во две фази. Првин биле извадени четири, па потоа уште три заби.

Забите кај новороденчето биле октриени дури неколку дена по раѓањето, кога родителите го однеле на педијатар поради потешкотии при доењето. Лекарот тогаш утврдил дека забите ги пробиле непцата и ги упатил родителите на стоматолог.

– Кога погледнав сфатив дека има седум заби. Понекогаш врвовите на забите кај нороенчето се гледаат во непцата, но тие не растат уште некое време. Во овој случај забите беа целосно надвор – рекол Рамтри.

Стоматологот не смета дека тоа е загрижувачки.

– Тоа е нормален биолошки процес, само тука се случил прерано – објаснува тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top