| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарите на Вардар пресилни за Мешков Брест

Вардар го победи Мешков Брест со убедливи 31-23 во дербито на 3. коло од регионалната ракометна СЕХА лига. „Црвено-црните” дури и полесно од очекувањата го запишаа третиот триумф во новата сезона и со максимален ефект останаа на врвот на табелата.

Одбраната на Вардар вечерва во СЦ „Јане Сандански“ беше клучот на успехот и во моменти кога ривалот се обидуваше да добие предност со играч повеќе во поле. Вардарци ја имаа контролата на резултатот во текот на целиот дуел, а гостите од Белорусија само во еден момент успеаја да се доближат на еден гол разлика (14-13).

За 16 минути во второто полувреме Вардар постигна 9, а прими четири гола зголемувајќи го водството на 26-19. За пет минути тренерот на Мешков двапати бараше тајам аут, но ништо не можеше да смени. Вардар одлично играше во одбрана и ја казнуваше секоја шанса што се укажуваше. За добрата одбрана придонесе и Арпад Штербик кој имаше девет успешни одбрани вклучувајќи и седмерец, сите во вториот дел од средбата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top