Осумте основни училишта во Општина Аеродром ги отворија вратите за околу 7.000 ученици, од кои 800 се првачиња.
Училиштата и годинава организираа свечености по повод првиот училиштен ден и подготвено ги пречекаа учениците за успешен почеток на новата 2017/2018 учебна година.
„Во текот на распустот, училиштата се подготвија за успешен старт на новата учебна година, при што дел од училиштата беа реновирани. Каде што имаше потреба беа извршени поправки, дел од училниците, канцелариите, ходниците и фасадите беа варосани и исчистени, а дворовите уредени. Исто така, сите ученици во Општина Аеродром добија бесплатна училишна облека. Овој проект, кој се одвива четврта година по ред, наиде на одобрување и прифаќање не само кај учениците, туку и кај родителите, бидејќи сите ученици се облечени во иста облека и на тој начин се навикнуваат на соодветен кодекс на облекување“, соопштуваат од Општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.