Шпанскиот весник „Мундо Депортиво”, има интересно видување за Вардар, екипата која никој не очекуваше да дојде до овде, но сепак беше во четвртиот барабан
Шпанскиот фудбалски клуб, Реал Сосиедад, е секако најатрактивен противник од групата „Л“, во која годинава во Лига Европа, за прв пат во историјата ќе игра и македонскиот претставник, Вардар.
Шпанскиот весник „Мундо Депортиво“, има интересно видување за Вардар, екипата која никој не очекуваше да дојде до овде, но сепак беше во четвртиот барабан.
Исто така пишуваат и за тоа како го елиминираа скапиот Фенербахче, каде има многу познати и звучни европски имиња.
Треба да се предупреди, за сите оние кои мислат дека настапите против македонски Вардар ќе бидат обична прошетка. 2650 километри го делат Реал Сосиедад од Скопје од местото каде се одржи неодамнешниот УЕФА Суперкуп. Во формацијата која Вардар ја игра 4-2-3-1, го прави Тигран Барсегјан еден од најопасните на теренот. Тој беше еден од асистентите за својот тим на мечот со Фенербахче. Барсегјан минатата сезона забележа седум настапи во ПМФЛ, во кои забележа 4 асистенции, а сезонава веќе го имаше дебито во квалификациите за ЛШ, каде беа елиминирани од Копенхаген, стои во дел од анализата на шпанските весници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


