| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовна драма со трагичен крај-загинала спасувајќи си го момчето кое сакало да се самоубие!

25 годишна девојка загина, а нејзината сестра е повредена откако во средата доцна вечерта ја прегазил товарен воз во близина на Лозница, Србија. Како што јавуваат локалните медиуми, до несреќата дошло откако 25 годишната Драгана С. се обидела да го спаси своето момче кое сакало да се самоубие застанувајќи пред возот, најверојатно поради проблеми во врската.

Како што раскажува сестрата на починатата девојка, која и сама била на местото на настанот и е повредена од страничниот држач на возот, 26 годишниот Жељко во повеќе наврати тргнувал кон шините и се враќал. Во моментот кога застанал пред возот, неговата девојка скокнала и го турнала од шините. Успеала да го спаси, но возот ја прегазил и таа починала на лице место.

Полицијата во Србија не открива многу детали, но медиумите пишуваат дека парот имал љубовни проблеми кои завршиле трагично.

26 годишниот Жељко исто така се здобил со повреди во несреќата, но тој е надвор од животна опасност и закрепнува во болницата во Лозница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top