Јапонската железничка компанија „Ист јапан реилвејс компани“ (East Japan Railway Company), во краток временски период на „Македонски железници“ ќе им даде силна и конкретна поддршка за развојот и за модернизирање на железничката инфраструктура во Македонија.
Ова е договорено на средбата на генералниот директор на Македонски железници – инфраструктура Ирфан Асани со директорите за меѓунардни односи и финансии на „Ист јапан реилвејс компани“, Јуји Фукушава и Тору Такахаши во Токио, Јапонија.
Според прикажаните резултати во 2014 година, „Ист јапан реилвејс компани“ има 7.452 километри пруга и 1.665 железнички станици низ која дневно се превезуваат по 17 милиони патници.
Делегацијата на МЖ, предводена од директорот Асани, го посети и Центарот за организација на железничкиот систем за сообраќај, електрокомуникации, одржување и менаџирање со итни случаи, процес кој е ставен во агендата за обуките кои ќе следуваат.
Директорот Асани ја посети и главната железничка станица во Токио каде што беше пречекан од Такаши Етох, шеф на оваа станица која воедно е најголема во Јапонија и дневно транспортира повеќе од 8 милиони патници.
Соговорниците, информираат од Кабинетот на Асани, разменија мислења и околу реконструкција на железничката станица во Скопје, при што од јапонската компанија беше кажано дека реконструкцијата на станицата во Скопје ќе овозможи давање на современи услуги во насока на зголемување на бројот на патници кои ќе го користат железничкиот сообраќај.
Посетата на македонската делегација продолжи со презентација на методите за обука на вработените во железничката компанија „Ист јапан реилвејс компани“.
Асани на своите домаќини им презентираше план за обука на вработените во МЖ во неколку области и тоа во сигурноста на железничкиот сообраќај, подигнување на системи за сигнализација, како и системи за контролирање на ситуацијата по целата пруга.
Двете страни се согласија планот за обука да почне во најкраток можен рок со кој се предвидува една група вработени во македонските железници да оди на обука во оваа јапонска железничка компанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Љубовна драма со трагичен крај-загинала спасувајќи си го момчето кое сакало да се самоубие!
-
Закана за поставен експлозив на пруга во северно Косово (видео)
-
Поранешните вработени во Фејсбук јавно проговорија за лошите искуства
-
Ќе се реализира една од најголемите инвестиции во железницата во Македонија