| четврток, 6 декември 2018 |

Воз усмрти баба кај Сточниот пазар во Прилеп

voz_pregazi_76_godisna_prilepcanka

фото: Канал 77

Точно по една недела од несреќата што заврши со полесни повреди за 60-годишна прилепчанка, овој пат од другата страна на железничкиот премин во населбата Сточен пазар синоќа таква среќа немаше 76-годишната прилепчанка Даница Мицеска, која го загуби животот откако на неа најверојатно налетал возот, кој од Битола се движел кон станицата во Прилеп околу 19,40 часот, јавува Канал 77, а во врска со вчерашната инфомација за пронајдена мртва жена до пругата во Прилеп.

– Мртвото тело на пругата во близина на преминот синоќа во 20.45 часот го забележале случајни минувачи, кои веднаш за настанот ја известиле полицијата. Лекарите од Службата за итна помош само ја констатирале смртта, која настапила како резултат на ударот и повредите посебно на главата – вели началникот на Итна помош д-р Гоце Јонзоски:

– Поради нејасни причини се движела покрај пругата и, најверојатно, била удрена од возот што се движел од Битола во правец за Скопје. Притоа таа се здобила со голема повреда на главата, скршеница, рана и обилно крварење по што починала веднаш покрај шините. Очевидци кои врвеле покрај патот ја виделе, пријавиле во Итната помош по што наша екипа веднаш интервенирала при што само ја констатирала смртта и видливите повреди по телото.

Веднаш по пријавувањето на несреќата увид на самото место извршиле екипи на Прилепската полиција и јавен обвинител а истрагата и обдукцијата која е наредена ќе откријат како 76-годишната Мицеска го загубила животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top