Специјални тимови на косовската полиција попладнево вршат проверка на пругата, по која денеска требаше да мине возот кој од Белград тргна кон Косовска Митровица.
Тоа е првиот воз што се упати на релација од Белград кон Косовска Митровица по 1999 година.
Како што јави српската државна телевизија РТС, провеката на пругата започнала откако беше објавена снимка на која се гледа како непознати лица поставуваат експлозив на пруга, со најава дека тој е наменет за возот Белград – Косовска Митровица.
Специјалците на косовската полиција спроведуваат проверка на пругата од границата со Србија до Косовска Митровица, која е во должина од околу 40 километри.
Видео снимката е објавена на Фејсбук страницата „Една нација“, но од неа не може да се утврди на кое место е поставен експлозивот и дали воопшто станува збор за посочената пруга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)