Претседателот на Владата на Република Македонија, денеска ќе присуствува на свеченоста по повод започнувањето на работите на реализација на железничкиот проект за реконструкција на Коридорот 8 на делницата Куманово-Бељаковце,Клечовски мост, односно пругата кон Бугарија.
Проценките се дека нејзината реализација ќе чини околу 550 милиони евра, и овој проект според својата вредност е една од најголемите инвестиции од независноста.
По 20 години откако владата на Бранко Црвенковски пред изборите во 1994-та година ја почна без да обезбедени финансии, почнува реална и стабилна градба, поткрепена со одобрен кредит на ЕБРД.
Реализацијата на проектот на пругата кон Бугарија во време на СДСМ не беше преку обезбеден кредит, туку преку пуштање на мали износ пари од буџет пред избори со цел добивање гласови.
Сега е спроведена јавна набавка, а во 1994-та година познато е дека немало воопшто закон за јавни набавки.
Железничката делница од Куманово до Бељаковце е со должина од 30,8 километри и претставува прва од вкупно трите делници на пругата од меѓународниот железнички Коридор 8, која треба да ја поврзува Република Македонија со Република Бугарија, почнувајќи од Куманово преку Бељаковце, Крива Паланка до Деве Баир, односно до границата со Република Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турската „Чагатај Кабло“ во Бунарџик ќе произведува кабли за автобусите на „Ван Хол“
-
Отворен нов погон во зоната кај Алинци, инвестиција вредна 1,2 милиона евра
-
Груевски: Денес почнува со работа компанијата „Акомпласт“, инвестиција која ќе креира 300 нови работни места
-
Груевски: ОДВ Електрик го стартува новиот објект во зоната Охрид- Струга, инвестиција на која долго работевме