| четврток, 6 декември 2018 |

Нека се вика Ангела Меркел: Сириски бегалци му дадоа невообичаено има на своето бебе

Сириско семејство бегалци во Германија на своето новороденче му го дадоа името Ангела Меркел Мухамед. Семејството на тој начин сакало да се заблагодари на германската канцеларка за нејзината азилантска политика на „отворени врати“ во 2015 година, соопштија болнички претставници, пренесуваат германски медиуми.

– Првото име на новороденото девојче е Ангела, другото е Меркел. Со оваа одлука нејзините родители сакаа да изразат благодарност до канцеларката Ангела Меркел – изјавила портпаролката на болницата „Свети Францискус“ во западногерманскиот град Минстер, пренесе „Ројтерс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top