Семејството на 7-годишниот Џулијан Кадман, кој исчезнал по нападот во Барселона, потврдило дека тој загинал во терористичкиот напад.
Вчера била објавена веста дека детето со британско-австралиско државјанство било пронајдено.
Џулијан, кој е британски и австралиски државјанин, се наоѓал со својата мајка на улицата Лас Рамблас во центарот на Барселона во моментот кога комбето се залетало во пешаците, пренесува Би Би Си.
Притоа мајката била пренесена во болница, а тој исчезнал. Неговото семејство преку социјалните мрежи барало информации за него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.