Откако во јавноста се појавија пораките кои Ана Севиќ му ги праќала на Лукас, во нејзиниот брак со Дарко Лазиќ не цветаат рози.
Парот неколку дена престојувал на црногорското приморје, меѓутоа Дарко инсистрирал што побрзо да ја напуштат Црна Гора, бидејќи не сакал да се сретне со Аца, кој требал на стигне на приморјето поради закажан настап.
-Дарко ја наговара Ана да го прекине одморот и да се вратат во Белград. Тој не сака по некоја случајност да се сретне со Лукас, бидејќи не знае како би реагирал во таа ситуација. Не може со очи да го види и само сака да се тргне од Будва- рекол извор близок на парот.
Според зборовите на изворот, тие минуваат низ сериозна брачна криза.
-Ана го убедува Дарко дека меѓу неа и Лукас ништо немало и дека пораките кои се појавија во јавност, кои наводно таа ги праќала на Аца, се измислени. Дарко сака да и верува, но има одредени сомнежи и поради тоа секојдневно се караат-заклучува изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.