„Претставниците на опозицијата се секогаш добредојдени да го посетат Министерството за да ја остварат својата уставна обврска да ја надгледуваат работата на администрацијата“ се вели во реакцијата на Министерството за здравство.
Според МЗ организирањето настани во службените простории на Министерството, кои се финансирани од плаќањето даноци, без взаемен договор, никакво барање или дозвола, не само што е непристојно, туку и го одвлекува вниманието на Министерството од работата посветена на граѓаните на Македонија.
„За таа цел искрено и добронамерно ги советуваме дека ваквиот вид настани може да ги реализираат но со претходна најава и со взаемен договор со инситуцијата, во случајот, Министерство за здравство. Тука сме, добродојдени сте и се надеваме дека взаемно ќе воспоставиме подобар и поефикасен начин на соработка и комуникација, а во интерес на сите граѓани на Република Македонија“ се вели во реакцијата на МЗ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На децата прв пат им бил откриен дијабетес кога биле донесени во болница
-
Д-р Ана Данева Маркова е нов претседател на Комитетот за безбедно мајчинство
-
МЗ: Бебињата починале поради предвремено раѓање, имале неразвиени органи и исклучително ниска тежина
-
Локацијата на новиот Клинички центар не е во строго заштитената зона