Министерството за здравство реагира на изјавите на дел од археолозите во однос на локацијата на новиот Клинички центар. Според Министерството, локацијата за новиот клинички центар не влегува во површината дефинирана како строго заштитена зона
– Министерството за здравство информира дека локацијата за изградба на нов универзитетски клинички центар-Скопје е во согласност со Генералниот урбанистички план за Град Скопје 2012-2022 година и законската и подзаконската регулатива од областа на урбанистичкото планирање, вклучително и Заштитата на културното наследство. За потребите на ГУП на Град Скопје се изработени експертски елаборати и студии, во чија група влегува и Студијата за Заштитно конзерваторски основи, изработена од Националната установа Конзерваторски центар – Скопје, каде што се дадени насоките и параметрите кои треба и се вградени во ГУП-от, а се од областа на заштитата на културното наследство.
Во нив споменуваниот Археолошки локалитет Скупи, е дефиниран со неколку зони на заштита и тоа: строго заштитена зона (околу 78ха) и контактна зона.
За таа цел, сакаме да и појасниме на јавноста, дека локацијата за новиот клинички центар не влегува во површината дефинирана како строго заштитена зона, но на дел влегува во контакната зона. Во контактната зона може да се планираат и изведуваат градежни активности, но по утврдени правила и нормативи пропишани во Законот за заштита на културното наследство и Правилниците кои го надополнуваат.
Што се однесува до одлуката за дислокација потсетуваме дека е донесена по широки консултации со лекарите, архитектите и граѓаните. Остануваме цврсто посветени за изградба на овој капитален објект, каде што планирано е да бидат сместени и Медицинскиот факултет, соодветен истражувачки центар и кампус за студенти по медицина – се вели во реакцијата на Министерството на здравство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
На децата прв пат им бил откриен дијабетес кога биле донесени во болница
-
Ванковска: Според Уставот, за одлука за стапување во сојуз или заедница треба 900 илјади гласа „за“
-
ВМРО-ДПМНЕ: Заев денес призна дека ќе се смени и името на сите државни институции, МАНУ, личните карти, пасошите
-
Д-р Ана Данева Маркова е нов претседател на Комитетот за безбедно мајчинство