Во врска со случувањата од предходните денови кога за краток период имавме 4 случаи на деца со дијабетес мелитус тип 1 од внатрешноста , поточно две од Охрид, едно од Гевгелија и едно од Свети Николе, од страна на ДСЗИ извршени се вонредни инспекциски надзори кај матичните доктори на децата при што од увидот е констатирано дека сите четири деца за прв пат им е дијагностициран дијабет по последното влошувањето на здравствената состоја поврзана со хоспитализацијата на клинките во Скопје, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Од првичниот увид во медицинската докуменација водена за децата, ДСЗИ констатирала дека сите посетите на децата кај матичените лекари како и посетите во останатите здравствени установи, воглавно се уредно евидентирани.
Дијабетес мелитус тип 1 е најчесто автоимуно заболување кое се карактеризира со деструкција на бета клетките на панкреасот при што доаѓа до комлетен недостаток на инсулин. Една третина од новодијагностицираните деца од дијабетес мелитус тип 1 се примаат во кетоацидозна состојба која бара интензивна терапија.
Децата обично пројавуваат симптоми на зголемен внес на течности, зголемено мокрење, зголемен внес на храна, слабеење и стомачни болки, една до четири недели пред да им биде поставена дијгнозата.
Имајќи го предвид наведетото, водењето на децата од страна на матичните лекари како и од страна на здравствените работници во болничките установи, е согласно упатствата и протоколите за Медицина базирана на докази.
Нашата држава спаѓа во земјите со мала/средна инциденца во однос на појавата на дијабет кај деца. Во последните години постои тренд на зголемување на бројот на заболените кое е во согласност со светските трендови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Д-р Ана Данева Маркова е нов претседател на Комитетот за безбедно мајчинство
-
МЗ: Бебињата починале поради предвремено раѓање, имале неразвиени органи и исклучително ниска тежина
-
Локацијата на новиот Клинички центар не е во строго заштитената зона
-
Гордана Мајнова е новата државна советничка за здравствен менаџмент и политика