Американската агенција НСА на својата мапа Македонија, Хрватска Босна и Херцеговина и Црна Гора ги обои во зелена боја, што значи поголем степен на шпионирање. Србија е единствена со црна боја, што значи дека оттаму не се анализираат информации, а Косово е издвоено од Србија и обоено со портокалова боја, што значи дека оттаму се пресретнуваат убедливо најмногу информации во рангот со Индија, Кина и со Египет. Ова го покажува мапата што ја објави „Гардијан“, а која е направена од американските тајни служби и излезе во јавноста откако 29-годишниот агент на НСА, Едвард Сноуден, реши да ја обелодени тајната програма на Белата куќа за следење на комуникациите.
Сноуден тврди дека сето тоа го направил од патриотски причини. Според неговите податоци, американската влада ги следи телефонските и интернет-комуникациите на најмалку девет најголеми интернет-компании, како Гугл, Фејсбук, Скајп и Јутјуб, и тоа преку директен пристап до серверите на компаниите.
Сноуден го открил идентитетот во јавноста затоа што сметал дека треба да се објаснат мотивите за таквата програма, а потоа општеството да реши дали тоа е правилно или не.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.