| четврток, 6 декември 2018 |

Спектакл во Скопје, Вардар и Шкендија против Фенербахче и Милан!

Македонските претставници во плејофот за групната фаза во Лигата на Европа, Вардар и Шкендија, немаа среќа во денешната ждрепка одржана во Нион.

Во Скопје на арената „Филип Втори“ ќе дојдат европските гиганти Фенербахче и Милан!

Македонскиот шампион Вардар ќе игра двомеч со Фенербахче за кого во летниот преоден рок потпиша македонскиот вундеркинд Елиф Елмас.

Шкендија можеби го доби најпосакуваниот противник и еден од најсериозните кандидати за осовојување на титулата во Лигата на Европа оваа сезона, седумкратниот европски шампион Милан.

Италијанскиот тим се буди од долгиот зимски сон кој го зафати повеќе од пет години и ова лето веќе донесе 10 нови фудбалери и инвестираше повеќе од 200 милиони евра!

Првите натпревари нашите преставници во плејофот на ЛЕ ги играат на домашен терен. Воопшто не се поставува прашањето дали најголемиот македонски стадион ќе биде исполнет до последното место. За очекување до пред почетокот на натпреварите да се бара карта повеќе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top