Македонскиот фудбалски шампион Шкендија на првиот натпревар против Салцбург, во рамки од третото квалификациско коло на Лигата на шампионите загуби убедливо со 3-0 (2-0).
Двоен стрелец беше Мунас Дабур во првото полувреме, а погоди и Диадие Самасеку во завршницата од мечот.
Во текот на натпреварот, Шкендија имаше неколку можности за гол, но сепак не успеа да ги искористи.
Реваншот на Националната Арена „Филип Втори“ се игра во вторник од 20.15 часот, a тетовскиот тим ќе има невозможна мисија да се пласира во плејофот од Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.