| четврток, 6 декември 2018 |

Сонот сепак недостижен: Копенхаген ги урна надежите на Вардар

Македонскиот фудбалски шампион и покрај предноста од Скопје, сепак не успеа да оствари историски резултат во Лигата на шампионите. Тимот на Гоце Седловски имаше активен резултат се до 15 минути пред крај на натреварот кога по еден кикс на одбраната Данците успеаја да постигнат гол што ги води во следното коло од Лигата на шампиони. Претходно Вардар и покрај брзо примениот гол во втората минута успеа го израмни резултатот,со што на домаќините им требаа најмалку два гола за да обезбедат пласман во следната фаза.

Копенхаген успеа во второто полувреме повторно да поведе, но во 70 минута остана со играч помалку, што значеше нова предност за вардарците. Сепак, пет минути подоцна Копенхаген успеа да постигне и трет гол со што веќе беше со една нога во следна фаза.

Во последните десетина минути Вардар целосно ја отвори играта, но за жал не успеа во намерите да постигне гол. Надежите целосно исчезнаа кога по една контра беше досуден пенал за Копенхаген по што Данците направија недостижна предност од 4-1, што беше и конечен резултат.

Поразот во третата рунда од квалификациите боли до толку повеќе што Вардар имаше одлична можност да направи историски успех и да дојде на чекор од групната фаза од Лигата на шампиони, а врака да има сигурно учество во групите од Лига на Европа.

И покрај поразот, Вардар ги продолжува настапите во плеј оф фазата од Лига на Европа, каде што ќе има уште една можност да обезбеди место во групите од Лига на Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top