Еден од најискуснитe во тимот на Вардар, Никола Глигоров, вчера ги одигра само завршните минути од натпреварот против Копенхаген, но неговото присуство е секогаш значајно за екипата, на или вон теренот. Тој е среќен што Вардар ја оствари и втората победа по повеќе од една деценија во овој дел од квалификациите, но истакна дека има и реванш, како последна пречка за комплетно славје.
– Минимална, но многу значајна победа за нас. Пред мечот посакувавме било каква победа, но без примен гол е веќе премија. Долго време чекавме за триумф во овоj дел од европските квалификации, повеќе од една деценија, а сега ни се случи да оствариме две за една недела и се надевам дека нема тука да застанеме. За седум дена не’ чека уште еден исклучително тежок дуел на реваншот, не е важно дали и таму ќе стигнеме до победа, само да се пласираме во следната рудна, тоа е главната цел – истакна искусниот Глигоров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.