Папандреу гледа карта на која Скопје е Македонија и не реагира – ова е насловот на текстот во весникот Параполитика, за неодамнешното интервју на поранешниот грчки премиер за една канадска телевизија, јави Канал 5.
Имено, во разговорот воопшто не станува збор за проблемот со името, но новинарот, на почетокот од интервјуто им објаснува на гледачите, со помош на карта, каде точно се наоѓа Грција. На неа, нашата земја е заведена под уставното име. Папандреу воопшто не реагира, а разговорот си тече без никаков проблем
Да ја погледнеме мапата на Грција за да им покажеме на сите за кој дел од светот говориме. А потоа ќе видиме и некои статистички податоци од времето кога бевте премиер. Атина, главниот град,. Вие бевте премиер на Грција од 6ти октомври 2009та.
Во грчките медиуми, акцентот беше ставен на ставовите на папандреу искажани преку канадската телевизија, додека пак новинарите од Параполитика се единствените кои од поинаков аспект го нападна Папандреу – не поради позициите за економската ситуација, туку поради тоа што не изреагирал на терминот Macedonia кој јасно се гледа на север од Грција,ниту пак се вознемирил. Не виде или пак не го интересира? – прашуваат од параполитика
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.