| четврток, 6 декември 2018 |

Седлоски: Со полн стадион, ние сме фаворити

Македонскиот фудбалски првак Вардар ги одбројува последните часови од подготовките за натпреварот од Лигата на шампионите против Копенхаген, а на официјална прес-конференција, стратегот на „црвено-црните“, Гоце Седлоски, ги кажа очекувањата за мечот од 3. коло.

Вардар успеа да направи изненадување и да го елиминира шведски Малме, а во наредната фаза ќе има далеку потежок предизвик. Седлоски вели дека Вардар нема да има лесна задача иако игра дома, но сепак, најавува дека македонскиот тим нема да се плаши на теренот.

-Како за Малме, така и за Копенхаген, секоја година играат во ЛШ или ЛЕ. Доста квалитетен противник, добро го анализиравме. Знаеме што не чека. Го респектираме противникот, но ние се гледаме самите себе. Треба да дадеме максимум. Да засилиме темпо од претходните два меча против Малме. Со помош од нашата публика во овие 90 минути да дојдеме до поволен резултат. Ќе почнеме офанзивно, нема да се браниме- изјави Седлоски.

Македонскиот првак вечерва ќе го одработи последниот тренинг пред Копенхаген. Мечот меѓу македонскиот и данскиот тим ќе се игра на „Телеком арената“ утревечер од 20.00 часот и истиот е прогласен за дуел од висок ризик.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top