Данскиот првак ФК Копенхаген уште ден пред првиот меч со Вардар виде што е пекол. Да тренираш во Скопје, во 18 часот, на отворено, е голем спортски подвиг. Дури и за професиноално тренирани фудбалер, пренесува Екипа, од каде со камера го регистрирале тренингот.
Истрчаа фудбалерите на Копенхаген на комплексот на ФФМ и веднаш ја фатија сенката до единствената трибина. Се ’наоружаа’ со многу вода и се обидоа барем малку да се аклиматизираат на скопскиот пекол. А, утре ги чека уште поголем, и навивачки…на „Телеком Арена“ во Скопје. Вардар сигурно ќе има огромна поддршка во обидот да оствари позитивен резултат пред реваншот што ќе се игра на 2. август во Данска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.