Македонскиот фудбалски првак Вардар објави соопштение пред натпреварот против Копенхаген во Лигата на шампионите и соопшти дека истиот е прогласен за меч од висок ризик.
Вардарци и данскиот тим ќе се соочат во вторник, а од Вардар апелираат гледачите да дојдат на стадион најдоцна до 19.30 часот, кога има наредба од УЕФА да се затворат вратите на „Телеком арената“.
„Натпреварот Вардар – Копенхаген е прогласен за меч од висок ризик. Ги молиме сите кои ќе присуствуваат на стадионот, да стигнат порано за да се избегнат големите гужви на стадионот. Вратите на стадионот ќе бидат отворени од 18 часот, а по наредба на УЕФА ќе треба да се затворат во 19:30 часот. Исто така Ве замолуваме да не носите со себе чанти, тврди предмети, парички, запалки, во спротивно ќе Ви бидат одземени на самиот влез на стадионот“, велат од Вардар
Билетарницата на „Телеком Арената“ за оние кои не набавиле билети за средбата ќе работи во понеделник и вторник од 12 до 19 часот.
Имателите на влезници со блоковите 1, 2 и 3 на јужната трибина, влегуваат на влезот помеѓу јужната и западната трибина. Истото се однесува за оние кои имаат билети за западната трибина. Оние кои поседуваат билети со блоковите 4, 5 и 6, влегуваат на спротивникот влез, односно помеѓу јужната и источната трибина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.