Во новиот број на Република ќе читате:

Заев ги зголеми апетитите на соседите
Македонија спремна за поделба
Предавникот Зоран Заев е многу добро проценет од соседите, а и самиот тој е повеќе од свесен во каква игра е влезен и какви последици за државата произлегуваат од неговата хазардерска политика. Но, тој, исто така, е свесен и дека народот жестоко ќе реагира на велепредавствата, па затоа паралелно со процесите на преговори за името, со реализацијата на тиранската платформа и со договорот за добрососедство ги активираше СЈО и инсталациите во судот, кои спроведуваат жестока хајка против раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Целта е да се ослаби политичкиот противник, а преку Соросовите медиуми да се замајува јавноста и да се одвлекува вниманието од реалните предизвици со кои се соочува државата.
Договор со трајни последици
Заев турка бугаризација зад затворени врати
Сите настапи по затворената седница во парламентот посветена на текстот за договор за добрососедство со Бугарија ги потврдуваат стравувањата дека Зоран Заев во Софија прифатил текст со кој се прифаќаат сите антимакедонски големобугарски ставови. Уште на почетокот се отвори прашањата со што се согласил Заев, што е тоа во текстот што толку го возбуди имајќи ги предвид спорните точки што досега беа пречка за завршување на текстот, па и главното прашање, чиј е текстот, кој од македонска страна учествувал во подготовката имајќи го предвид кусиот период на Заевата администрација по долгиот прекин на средбите на работните групи, до тоа дали Заев воопшто е запознаен што му е понудено во замена за ситни бриселски лизалчиња во форма на поздрави од Федерика Могерини за „успех без посредници“.
EУ со директна порака до власта
Запрете со партизација на администрацијата
Советот за стабилизација и за асоцијација (ССА) меѓу Македонија и Европската унија, кој во вторникот се одржа во Брисел, покажа дека Европската комисија и целата ЕУ нема да прогледуваат низ прсти за грешките и за системската негативна политика што ја прави новата влада. Директното барање коалициските партнери, предводени од премиерот Заев, да запрат со менување директори без посебна причина е првиот „нож в грб“ за новата влада, која очекуваше само пофални зборови во Брисел. Поради кризата во земјата лани ССА не се одржи.
Интервју, Владо Мисајловски
СДС нема капацитет да ги заврши проектите на ВМРО-ДПМНЕ
СДС имаше обид да направи медиумска кампања и да прикаже дека проектите што ги почнавме не се добри, дека имало проблеми и не знам што сѐ уште не, но верувам дека тоа го прави плашејќи се да се соочи со реалноста. Реалноста е дека ВМРО-ДПМНЕ почна голем број капитални проекти за кои е потребно многу труд, макотрпна работа и максимално вложување за да се завршат. Изминатите години ВМРО-ДПМНЕ работеше посветено за да се изградат што повеќе капитални проекти за доброто за сите граѓани. Но, наспроти тоа, СДС без ниту еден ден согледување на реалноста излегува по медиуми и нѐ напаѓа дека не требало да се работи на тој начин и така натаму. Лесно е да работите од канцеларија и кога не сте сигурни како да го сработите тоа излегувате по медиуми и напаѓате, а, од друга страна, сега гледаме дека владата бега од решавање на предизвиците, а со тоа од ден за ден на секој проект му се намалува интензитетот во градењето, вели поранешниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски во интервју за Република.
Грците потврдија
Заев е подготвен да го смени името
Во момент на творечки немир, како увертира на „интересната и сериозна средба“ со Метју Нимиц, Коѕијас го издаде Заев. Така, искрено, Гркот си призна дека за нив новиот премиер е подобен и посакуван. Ги замоли и Европејците да не создавале нов Груевски затоа што Заев имал предиспозиции за решение за името, го разбирал проблемот и бил отворен за промената. Според ова, во грчката влада, најверојатно, виеле „Сиртаки“ кога „меѓународната“ го смести СДСМ на „Илинденска“. „Реформата“, се очекува да стапи на сцена за пет-шест месеци, се разбира, по локалните избори. Во меѓувреме, треба да направат магла за бугарската „направија“. Навистина, не им е лесно на Заев и на компанија…
Мутација на вредностите
Се уништува семејството, се наметнува перверзија и нихилизам
Владата предводена од Зоран Заев отвори прашања, кои, според многумина, ги уништуваат вистинските вредности. Сѐ почна со педофилите, продолжи со хомосексуалците, нивното право на брак, и повторно во игра се чувствата и правата на децата – правото на посвојување деца од страна на родители од исти пол.
Тоа се случува во моментов – мутирање на вредностите. И оттука почитувачите на традиционалните вредности го поставуваат прашањето зошто некои не сакаат вредности, вистини и принципи во општествениот простор, туку наметнуваат манипулација, перверзија, нихилизам и сатанизам!?
Интервју Крсте Јовановски
Битката за Македонија е сведена на хамлетовата „да се биде или не“
Живееме во едно гнојосано време, како што вели Хамлет, и мислам дека битката, ако е битка, е сведена на зборовите што ги изговара Хамлет: „Да се биде или не“. Сакам да кажам дека секој граѓанин на Република Македонија, кој е вистински патриот, Македонец, чесен, христијанин, традиционалист и заштитник на бракот и на семејството како основна категорија дадена од Бога, без која не може да се има држава, треба да се спротивстави на ваквото владеење, разнебитување и трговија со државата, со идентитетот на граѓаните, со јазикот и со сѐ што нѐ прави посебни на оваа планета. Ако ги оставиме да продолжат да владеат вака, набрзо ќе престанеме да постоиме како народ и ќе се претвориме во „цифковци“, како што вели големиот Маџунков во делот „Сенката“ од трилогијата „Големиот смок“, вели во интервју за Република актерот и пратеник во Собранието на Македонија, Крсте Јовановски.
Заев почна да „јаде живи луѓе“
Самохрана мајка избркана на улица
Со највисоки признанија и достигнувања и со животна борба како да се биде добра самохрана мајка, врвен работник и извор на егзистенција за своето дете, Катерина Матиќ, која пет години работела како државен советник во Агенцијата за храна и за ветеринарство, доби отказ без никаква претходна најава или опомена. Таа за „Република“ вели дека ѝ е направена голема неправда и дека ќе ги искористи сите можни правни инструменти во државата за си го поврати работното место и да си ја поврати својата чест
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


