| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар е единственото изненадување во квалификациите за ЛШ

Македонскиот првак Вардар успеа да направи голем подвиг и да го елиминира шведски Малме од Лигата на шампионите, со што во третото квалификациско коло за пласман во елитата, „црвено-црните“ го преземаат приматот на единствено изненадување.

Од тимовите кои беа нефаворизирани и кои беа потценувани на хартија, Вардар е единствениот кој успеа да урне фаворит во второто коло и да се пласира во наредната фаза.

Нашиот најтрофеен колектив кој го елиминира Малме со вкупни 4-2 (1-1 во Шведска, 3-1 во Струмица) во наредната рунда патува заедно со Астана (Казахстан), БАТЕ Борисов (Белорусија), Карабах (Азербејџан), Ријека (Хрватска), Хафнафјордур (Исланд), Партизан (Србија), АПОЕЛ (Кипар), Розенборг (Норвешка), Копенхаген (Данска), Шериф (Молдавија), Лудогорец (Бугарија), Марибор (Словенија), Салцбург (Австрија), Селтик (Шкотска), Легија (Полска) и Хапоел Бер Шева (Израел), но вреди да се напомене дека сите овие тимови беа фаворити во двомечот од второто квалификациска фаза.

Вардар, кој ја донесе првата победа за Македонија во квалификациите за Лигата на шампионите по долги 11 години, во третата квалификациска рунда ќе се соочи со дански Копенхаген. Македонскиот шампион поради пласманот во наредната фаза го чекаат уште најмалку четири меча, затоа што евентуална елиминација од Данците, ги носи фудбалерите на Седлоски во плеј-офот за пласман во групната фаза на Лига Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top