Одлуката на Бранислава Пашајлија да стапи во јавна врска со сè уште оженет маж, додека и самата е во брак, наиде на осуда од многумина. Освен тоа се полемизираше за детето, кое, според изјавите на извор близок на атрактивната Лозанчанка, не го видела со месеци, за кое, наводно, се грижи таткото.
Сепак, таа сето тоа го демантираше неодмна објавувајќи заедничка фотографија со синот.
А сега отиде и чекор понапред и ја затвори устата на тие што ја пецкаа дека не го гледа детето, бидејќи Лукас не ѝ дозволува, така што го поведе на заедничко летување со познатиот фолкер.
Иако не дава изјави за медиумите, Пашајлија и тоа како знае да одговори на сите прозивки со докази во вид на фотографија.
Тоа што остава простор за дилеми е прашањето зошто од одморот нема заедничка фотографија со Лукас, со оглед на тоа дека досега не пропуштаа да се фотографираат заедно во секоја пригода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.