| четврток, 6 декември 2018 |

Тенисот ќе добие нов светски рекет број 1, Мареј ја заврши сезоната!

Британските медиуми пренесуваат дека светскиот рекет број 1 Енди Мареј нема да настапува до крајот на сезоната бидејќи ќе биде подложен на операција со што еден подолг период ќе биде на рехабилитација.

Мареј веќе подолго време има проблеми со повредата на колкот, а единствено решение е хируршка интервенција.

Британскиот тенисер дури ја најави евентуалната операција која по се изгледа ќе мора што побрзо да ја направи, по елиминацијата од Сем Квери во четврт-финалето на Вимблдон.

Отсуството на Мареј од тениските терени по се изгледа ќе донесе нови промени на врвот на АТП листата, а следниот поголем турнир ќе устоличи и нов светски рекет број 1. Мареј нема да може да брани дури 5 трофеи кои минатата година ги освои во периодот од почетокот на октомври до крајот на ноември. Засега најреални шанси за враќање на првото место имаат Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top