| четврток, 6 декември 2018 |

Седлоски: Го исполнив ветеното, го елиминиравме Малме

Екипата на Вардар успеа да го елиминира Малме од квалификациите за Лигата на шампионите, а стратегот Гоце Седлоски е презадоволен од прикажаната игра и вели дека го остварил ветувањето кое го дал пред сезоната, а тоа е да се мине најмалку едно коло.

– Честитки до играчите, честитки до навивачите кои дојдоа тука да не бодрат. Натпреварот беше доста потежок од оној кој го игравме во Малме. Посебно во првото полувреме. На паузата им кажав на момците дека мора да веруваат во себе и дека може да дадеме гол кој ќе не вивне кон наредната фаза. По тој постигнат гол дојде и вториот, а го завршивме мечот со контра и нов гол. Тимската игра беше одлична, голот на Грнчаров не врати во игра. Пред да почнат квалификациите, му ветив на Самсоненко дека ќе го минеме најмалку едно коло во Лигата на шампионите – изјави Седлоски.

Вардар во наредната фаза од ЛШ многу веројатно ќе се соочи со Копенхаген, кој има солидна предност против Жилина во првиот натпревар (3-1).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top