| четврток, 6 декември 2018 |

Кошаркарски спектакл во Франкфурт, Македонија против Грција

Кошаркарските репрезентации на Македонија и Грција ќе играат на ист турнир во Франкфурт во август годинава, како дел од подготовките за настап на ЕП во Словенија. Двете селекции ќе играат меѓусебе на 24. август, а на турнирот ќе учествуваат и домаќинот Германија и БиХ.

Претставниците на македонската кошаркарска федерација обезбедија уште два спектакуларни тест-средби со европскиот првак Шпанија на 19 и 20 август. Против Наваро, браќата Гасол, Фернандес и останатите шпански кошаркари ќе играме на нивни терен. Во план се и натпревари со Полска, Хрватска, Русија, евентуално и со Литванија и Грузија.

Европското првенство во Словенија ќе се игра од 4. до 22. септември годинава. Македонија е во групата Б во Јесенице, заедно со селекциите на Србија, Литванија, БиХ, Црна Гора и Летонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top