| четврток, 6 декември 2018 |

Ако Вардар го елиминра Малме, тогаш ќе игра со Копенхаген

Македонскиот фудбалски првак Вардар го доби можниот противник во третото квалификациско коло од фудбалската Лига на шампиони.

„Црвено-црните“ имаат уште еден натпревар со Малме кој ќе се игра во Скопје, а првиот меч кој се одигра во Шведска заврши со резултат 1-1.

Ако тимот на Седлоски ги мине Швеѓаните, во наредната фаза ќе се соочи со победникот од двомечот меѓу Жилина и Копенхаген. Првиот меч кој се одигра во Словачка заврши со победа на Данците од 3-1, па така, само голема сензација може да ги сопре од пласман во наредната рунда од ЛШ.

Првиот меч од третото коло ќе се игра на 25/26 јули на теренот на противникот, додека реваншот ќе биде на 1/2 август во нашата држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top