Младинскиот репрезентативец Бобан Николов не го криеше задоволството по ремито (1-1) на Вардар на гостувањето против Малме во првиот натпрвар од 2. квалификациско коло за ЛШ.
Николов, продолжувајќи со одлични настапи кои ги демонстрираше и на Европското првенство во Полска, сега својот настап во Лигата на шампионите го зачини и со погодок…
– Среќен сум за својот прв гол во натпреварување како Лигата на шампионите. Дојдовме до добар резултат кој ни ги отвора вратите за пат кон следното коло, но факт е дека ништо не е завршено. Мора да останеме со ладни глави, и во Струмица да одиграме уште еден квалитетен натпревар, мотивирано и со максимален ангажман за позитивен резултат кој ќе не однесе во третото квалификациско коло – вели Николов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.