| четврток, 6 декември 2018 |

Прекинат вториот контролен меч на македонските кошаркари со Словачка

Вториот контролен, пријателски натпревар меѓу Словачка и Македонија што се играше денеска во Братислава не го дочека својот крај. Имено по 25-минути игра, судиите решија да го прекинат дуелот при резултат 58-54 за Македонија.

Ваквата одлука на словачките судии дојде откако претходно тие за само неколку минути имаа серија на лоши одлуки. Македонската селекција доби три технички грешки, две неспортски прекршоци и една исклучувачка и тоа само по нецели пет минути игра во третата четвртина, што разбирливо донесе огромна нервоза кај сите во нашиот репрезентативен табор.

Ситуацијата кулминирала со неспортска грешка на Диме Тасовски и исклучувањето на Александар Костоски, на што реагирале од нашата клупа, па судиите решиле средбата да ја прекинат.

По Словачка кошаркарите се враќаат во Скопје, каде ќе следува дуел со Бугарија на 15 јули, а потоа од 20 до 23 јули во Скопје, ќе се одржи турнирот „Трофеј Македонија“ на кој црвено-жолтите редоследно ќе играат против Португалија, Холандија и Босна и Херцеговина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top