| четврток, 6 декември 2018 |

Вимблдон ќе добие нов шампион: Квери го елиминираше Мареј, Ѓоковиќ предаде против Бердих

Сем Квери по голема борба го елиминира првиот рекет и бранител на трофејот на Вимблдон, Енди Мареј, во четвртфиналната рунда на неофицијалното Светско тениско првенство. Во мечот што траеше 2 часа и 41 минута, Американецот Квери иако во два наврати имаше негатива откако Мареј го освои првиот и третиот сет со 3-­6 и 6­-7, сепак 24-­то рангираниот тенисер на Вимблдон, успеа да се избори за решавачки петти сет, добивајќи ги вториот и третиот сет со 6-­4 и 6-­1.

Квери до своето прво полуфинале на Вимблдон стигна со добиениот петти сет и тоа убедливо со 6­-1. Американецот во полуфиналето, кое на програмата е во петок, за противник ќе го има Хрватот, Марио Чилиќ.

Попладнево и Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Вимблдон, откако Србинот поради повреда на лактот го предаде мечот со Томаш Бердих. Србинот и на вчерашниот дуел со Манарино се жалеше на болки и доби лекарска помош, но го доигра мечот и без загубен сет славеше над противникот.

Ноле сепак не можеше да продолжи и веќе на стартот од вториот сет, најпрво побара медицински тајм-аут а потоа и се откажа.

За полуфинале на Вимблдон се избори и Роџер Федерер кој во три сета (6-4, 6-2, 7-6) го совлада Милош Раониќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top