| четврток, 6 декември 2018 |

Она што ми го шепна нема да му го заборавам: Ѓоковиќ го утеши расплаканиот Дел Потро (ВИДЕО)

По поразот во финалето на Ју-Ес Опен, аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро неутешно заплака на својата столица, баш кога сите светла се угаснаа, а церемонијата за доделување на пехарите се подготвуваше. Кога го виде како плаче, Новак Ѓоковиќ му пријде на својот противник, но и голем пријател, и се обиде да го утеши.

Снимката каде Србинот го прегрнува Аргентинецот го обиколи светот, а Дел Потро конечно откри што му шепнал Ѓоковиќ во тие моменти.

  • Ми шепна дека многу го цени патот по кој се вратив после сите тие повреди низ кои минав – откри  Дел Потро, додавајќи дека овие охрабрувачки зборови нема да му ги заборави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top