| четврток, 6 декември 2018 |

Обид за киднапирање на дедото на Јелена Ѓоковиќ

Дедото на директорката на фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, Јелена Ѓоковиќ е пронајден врзан во поле полно со пченки во Љиг, западниот дел на Шумадија, во Србија, објавуваат медиумите на таа земја.

Милослав Радисављевиќ го пронашле електирчари недалеку од неговата семејна куќа.

Претседателот на општината потврдил дека дедото на сопругата на Новак Ѓоковиќ бил пронајден врзан во поле полно со пченки и дека станува збор за обид за киднапирање.

Медиумите контактирале и со неговата ќерка, Вера Матиќ, бабата на Новак, која е во Монте Карло и која потврддила дека на нејзиниот број му стигнале пораки во кои се бара два милиони евра за откуп.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top